Top Sport

(Видео) Џејми Варди остана „трол“ и во втората лига

Џејми Варди со Лестер ја освои титулаата од Премиерлигата, но оваа година се врати на реалноста на настапите во втората лига, англискиот Чемпионшип, но неговиот карактер не го смени.

Англискиот напаѓач го постигна единствениот гол од пенал за 1:0 победа над Бристол сити во саботата, за да го потврдат првото место на табелата, и потоа реши да го истрча целиот терен и да прослави пред 3.000 навивачи на противничкиот тим, кои наводно цело време пееле навредливи песни за неговата сопруга.

Ова наликуваше на славната прослава на Емануел Адебајор, кој како фудбалер на Манчестер сити исто така истрча цел терен за да слави пред навивачите на неговиот поранешен клуб, Арсенал во 2009 година.

Scroll to Top