Ултрасите на Милан „Курва суд“ се јавија со соопштение во кое бараат управата на Милан да ги реши проблемите со билетите за гостинските навивачи на „Сан Сиро“, откако на навивачите на Фиорентина им беа дадени само 200-300 билети за неделниот меч, бидејќи другите билети ги купија навивачите на „росонерите“.
Директорот на Фиорентина, Џо Бароне не ја криеше својата разочараност, и необично навивачите на Милан се согласуваат.
„Ракувањето со продажбата на билети за Милан-Фиорентина е последна епизода во која домашните фанови ги откупуваат секторите за гостите оваа сезона. Бараме од Милан, кои секогаш се однесувале со внимание кон легитимните барања на навивачите, да најдат итното решение за неделниот меч бидејќи јасно порачуваме: За нас, гостинскиот дел на стадионите е светост и нешто што е клучно за било кој стадион на светот. За нас , би било незамисливо да не можеме да го поддржуваме нашиот Милан на гости. Стадион без гостински сектор, без ривалски фанови е незамислив за нашето сфаќање на навивањето и фудбалот“, се вели во соопштението на „Курва суд“.