Лукас Ернандез, најверојатно, ќе биде ново засилување на Пари Сен-Жеремен, но ултрасите на клубот не се задоволни од одлуката на управата да го купат дефанзивецот на Баерн Минхен, поради неговите „врски“ со лутите ривали Олимпик Марсеј.
Според повеќе француски медиуми, трансферот од 40 милиони евра е пред реализација, и лидерот на ултрасите на ПСЖ, Роман Мабиј, преку Инстаграм порача дека 27-годишниот Ернандез е непожелен во Париз.
Ернандез е роден во Марсеј, а неговиот татко, Жан-Франсоа Ернандез играше за Олимпик во 1990-тите. Покрај тоа, тие не заборавија на неговото однесување кога беше дел од тимот на Баерн кој го победи Пари Сен-Жермен во финалето на Лигата на шампиони во 2020 година.
Иако е роден во Франција, Ернандез израсна во Шпанија од својата четврта година и ако заигра за ПСЖ, тоа ќе бидед првпат а игра во Франција. Тој ја почна кариерата во Атлетико Мадрид, пред да премине во Баерн во 2019 за тогаш рекордни за Атлетико 70 милиони евра.