Самуел Умтити многу добро го познава Лионел Меси, и вели дека шансите на Франција да ја мине Аргентина во осминафиналето од Светското првенство се во тоа што Меси нема иста поддршка во аргентинската репрезентација како во нивниот клуб Барселона.
Умтити веќе две години е тимски колега на Меси и сега ќе се сретне во поинаква улога со Аргентинецот.
„Го гледам секој ден. Многу е тешко да се сопре бидејќи има неверојатни квалитети како играч. Ќе се обидеме да го направиме тоа, но тој не е единствениот на кој треба да внимаваме“, вели Умтити.
Додека, Меси во Барселона има партнер во Луис Суарез, во Барса тој е оставен речиси сам, откако Гонзало Игуаин нема постигнато гол во последните осум натпревари во националниот дрес, а Меси ќе мора да се справи и со притисокот на целата аргентинска нација по драматичното влегување во осминафиналето.
„Тој е сосема поинаков со Аргентина отколку со Барселона. Ги нема истите играчи околу него и нивниот начин на игра е сосема уникатен. Сепак, повторно тој некогаш ги спасува. Аргентинците никогаш не го штедат, но тој не може сѐ сам“, додава Умтити.
Фото: ЕПА