Top Sport

Умтити во клинч со навивачите на Барселона, ќе ги прегазеше

Фудбалерот на Барселона Самуел Умтити неодамна во интервју истакна дека никогаш не бил во подобра форма.

Францускиот фудбалер вели дека не бил толку силен ниту кога пристигнал во редовите на Барселона, но сепак тренерите не гледаат така на целата ситуација.

Најпрво тој беше во немилост кај тренерот Роналд Куман, а сега не заигра ниту под водство на Чави.

Тоа очигледно предизвикува гнев кај навивачите, со оглед на тоа што Умтити не сака да го напушти клубот во кој заработува плата од 12 милиони евра.

Неколкумина фанови на клубот од „Ноу Камп“ успеаја да го испровоцираат на улица во Барселона кога застанаа пред неговата кола. Тој успеа некако да помине, се закани дури и дека ќе ги прегази па по неколку метри застана да се разбере со нив.

Се чини дека момците само сакаа да дојдат до автограм и селфи од фудбалерот

Фудбалерот беше видно изнервиран, но набрзо страстите се смирија.

Scroll to Top