Top Sport

Пјаниќ пак се повреди, третпат за 2 месеци

Докторите на турскиот фудбалски клуб Бешикташ дијагностицираа запаление на горниот лев бутен мускул на репрезентативецот на БиХ – Миралем Пјаниќ. Раководството на турскиот клуб на службената страница соопшти дека Пјаниќ почувствувал болка во мускулот во текот на последниот тренинг и затоа отишол на снимање со магнетна резонанца.

„Кај Миралем Пјаниќ откриен е тендинитис во пределот на горниот дел од мускулот на ногата, па нашиот лекарски тим започна со процесот на лекување“ се наведува во соопштението.


Оваа информација не беше баш најдобро примена од фановите на клубот од Истанбул кои полека го губат трпението затоа што ова е трета повреда за Пјаниќ во последните 2 месеци.

Пјаниќ во Бешикташ игра како позајмен фудбалер на Барселона, а до сега има 11 настапи, на кои запиша 4 асистенции.

Scroll to Top