Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, открива интересни детали поврзани со Килијан Мбапе, од времето кога тој беше тренер на ПСЖ. Шпанскиот стратег тврди дека младиот напаѓач имал голема желба да игра во Реал и дека во тоа време сакал да замине од париз.
Мбапе, во јули 2017 година од Монако пристигна во ПСЖ, а во јануарскиот преоден рок тој изразил желба да се пресели во Реал.
„Разговарав со него и со неговиот татко. Тој сакаше да оди во Реал, иако во игра беше и Барселона. Сепак успеавме да го убедиме во проектот на ПСЖ. Моравме да „фрлиме пари на масата“ и тоа го направивме“, рекол Емери.
Таа сезона Мбапе пристигна како позајмен играч од Монако, а веќе наредната ПСЖ го откупија неговиот договор за 180 милиони евра. Оваа сезона на 42 натпревари постигна 38 гола.
Според „Трансфермаркт“ Мбапе е најскапиот светски фудбалер.