Top Sport

Унаи Лопез донесе три бода за Рајо

Рајо Ваљекано стигна до важен триумф (2:1) над Елче со гол постигнат во 96.минута од мечот. Херој на домаќините беше Унаи Лопез кој го постигна победоносниот гол.

По оваа победа, Рајо се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Ла Лига со десет освоени бода.

Лукас Боје во 32.минута ги доведе гостите во водство, а израмни Серхио Камело осум минути подоцна. Трите бода за Рајо ги донесе Унаи Лопез.

Scroll to Top