Светскиот вице-шампион Хрватска доживеа незгоден пораз на гостувањето во Будимпешта од 2:1 во меч од квалификациите за ЕП 2020, продолжувајќи со неубедливата игра по 2:1 триумфот над Азербејџан дома.

Ова е прва победа на Унгарија над Хрватите од 1940 година, кога Хрватска имаше „неофицијална“ репрезентација додека уште беше дел од поранешна Југославија.

Мечот започна одлично за „коцкестите“ откако Анте Ребиќ во 13-тата минута се најде на вистинското место по обидот на Крамариќ за лесно да го совлада противничкиот голман од пет метри.

Меѓутоа, Унгарците прво израмнија во 34. минута преку Адам Салаи по лошата интервенција на одбраната на Хрватите, а Мате Паткаи во 76. минута носи три поени за Унгарците по уште еден лош момент за одбраната на гостите.

Во нашата група Г, Израел стигна до првата победа во квалификациите откако со 4:2 ја победи Австрија, која сега има два порази во два меча. Лидер на тимот беше ветеранот на Гуангжу, Еран Захави, кој постигна хет-трик за Израелците.

Во групата И, Шкотска се „рехабилитираше“ за поразот од Казахстан со неубедлива 2:0 победа над апсолутниот аутсајдер Сан Марино.

ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Е

Унгарија – Хрватска 2:1

Табела:  1.Словачка 3, 2.Велс 3, 3.Хрватска 3.Унгарија 3, 5.Азербејџан 0

ГРУПА Г

Израел – Австрија 4:2

Табела:  1.Израел 4, 2.Македонија 3, 3.Полска 3, 4.Словенија 1, 5.Летонија 0, 6.Австрија 0

ГРУПА И

Сан Марино – Шкотска 0:2

Табела: 1.Кипар 3, 2.Русија 3, 3.Белгија 3, 4.Азербејџан 3, 5.Шкотска 3, 6.Сан Марино 0