Пред стартот на пријателскиот меч помеѓу Унгарија и Ирска во Будимпешта, повторно се случи скандал со свиркањето на клекнувањето на ирските фудбалери во знак на поддршка за „Black Lives Matter“, најавувајќи големи проблеми за УЕФА пред стартот на УЕФА.
Пред неколку дена, англиската репрезентација двапати беше исвиркана од своите навивачи во пријателските мечеви со Австрија и Романија, откако дел од навивачите преку социјалните мрежи и во изјавите објаснија дека не сакаат политизација на фудбалот.
Овојпат во Будимпешта, публиката јасно покажа што мисли за овој гест, и ќе биде интересно да се следи како на ЕУРО 2020 ќе се одвиваат ваквите сцени. Додека Ирците беа исвиркани, репрезентативците на Унгарија покажуваа кон „RESPECT“ логото на УЕФА на своите дресови, поддржувајќи ја иницијативата на УЕФА за почитување на различноста на луѓето.
A very strange scene as Ireland players take the knee and get booed… as Hungary's players stay standing and point to the UEFA 'respect' badge on their sleeves ?#Hungary #Ireland #COYBIG ??pic.twitter.com/FzLBSEIW5u
— Laurie Hanna (@LaurieHanna) June 8, 2021