Top Sport

Унион Берлин и фановите си ја оживееја божиќната традиција

Навивачите на Унион Берлин повторно ја имаат својата божиќна традиција, да се соберат на стадионот и да пејат песни за Божиќ. По двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирусот, тие повторно на свој начин го одбележаа големиот празник.

„Ова е многу важно за нас, важно е да бидеме заедно, да се гушкаме и заедно да ја завршиме годината“, изјави директорот за комуникации на клубот, Кристијан Арбаит.

Scroll to Top