Top Sport

Божиќно лудило: Дончиќ и соиграчите постигнаа 51 поен за една четвртина и славеа против ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Далас Маверикс го победиј тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 124:115 на божиќното шоу во НБА лигата. Во третиот период, Лука Дончиќ и соиграчите постигнаа неверојатни 51 поен и на крајот стигнаа до триумф.

ЛА Лејкерс беа импресивни во првото полувреме кое го добија со 54:43. Сепак, Дончиќ и соиграчите експлодираа во третиот период, го добија со 51:21 и го свртеа резултатот во своја корист.

Лука Дончиќ го предводеше Далас со 32 поени и по девет скокови и асистенции, а Леброн Џејмс беше најефикасен кај ЛА Лејкерс со 38 поени, шест скокови и пет асистенции.

Scroll to Top