Здравко Мамиќ на судењето во Осиек во април направил клучна грешка, откако главниот обвинет за извлекување на 116 милиони куни (над 15 милиони евра) од Динамо Загреб, по грешка на судијата му дал лист на кој имаше упатства за тоа како да сведочи дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, објавува хрватски „Индекс“.
Мамиќ им подели на сведоците кесички со грбот на Динамо, во кој имало инструкции за тоа како да се сведочи, посебно кој Ловрен, кој заедно со Лука Модриќ е еден од сведоците кои можат да добијат казни за лажно сведочење.
Според обвинителите на документите од минатата година јасно се посочува како Ловрен би требал да одговори на повеќето прашања, по што Ловрен доби обвинение за лажно сведочење, а Мамиќ беше исфрлен од судницата.
Судењето на Здравко и Зоран Мамиќ, поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ и даночникот Милан Пернар продолжува во Осиек.