Двајца од шефовите на Манчестер јунајтед, новиот генерален директор, Ричард Арнолд и одговорниот за трансфери, Џон Мурто се во Барселона каде што ќе се обидат, конечно, да стават крај на „сагата“ и да го обезбедат потписот на Френки де Јонг, и покрај тоа што е очигледно дека Холанѓнецот не сака да замине од „Ноу Камп“.
Шпанскиот новинар Жерард Ромеро попладнево објави снимка на која Арнолд и Мурто се во ресторан во градот, откако веќе се сретнале со официјалните лица на Барселона, Жорди Кројф (исто така поранешен фудбалер на Јунајтед), Рафа Јусте и Матеу Алемани. Вестите се дека Барселона едноставно мора да го продаде Де Јонг поради неговата „супер-макс“ плата и дека сакаат 75 милиони евра за неговиот потпис, но дека фудбалерот не сака да замине од „Ноу Камп“ поради тоа што неговото семејство се чувствува приспособено на животот во Каталонија и веќе има отворено неколку бизниси.
На прес-конференција во Тајланд, новиот менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг призна дека сакаат засилување на средниот ред и на нападот.
„Ги сакаме само вистинските фудбалери. Имаме обар тим, и ако има шанса ќе се засилиме. Но, само со тие фудбалери кои сметаме дека се прикладни за проектот“, изјави Тен Хаг.
?? EL UNITED en Barcelona ??
El CEO y el director de futbol se han reunido con el FCB ( Mateu Alemany, Rafa Yuste y Jordi Cruyff ) #mercato @JijantesFC @juliclaramunt @monfortcarlos @CarlosOdriguez ???? pic.twitter.com/0G3e19Zwzk
— Gerard Romero (@gerardromero) July 11, 2022