Top Sport

Уругвај ќе биде новиот дом на стадионот „974“

Стадионот „974“ на кој се играа натпревари на Светското првенство во Катар, дефинитивно е минато во оваа земја. На овој стадион се одиграа седум натпревари. ФИФА реши Уругвај да биде новиот дом на овој уникатен стадион.

Познато е дека стадионот „974“ е монтажен, направен од 974 контејнери, па така и го добил името. ФИФА заедно со Катар, претходно одлучи да го донира стадионот.

Изборот падна на Уругвај, а многумина сметаат дека со овој потег ФИФА „навива“ Уругвај, Чиле, Аргентина и Парагвај да ја добијат заедничка кандидатура за Светското првенство во 2030 година. Во 2030 година ќе се обележи 100. годишнината од првото СП одржано во Уругвај.

Покрај осминафиналето меѓу Бразил и Јужна Кореја (4:1), на овој стадион се одиграа и шест натпревари од групната фаза на овогодинешното Светско првенство.

Првиот натпревар беше дуелот меѓу Мексико и Полска (0:0), потоа Португалија – Гана (3:2), Франција – Данска (2:1), Бразил – Швајцарија (1:0), Полска – Аргентина (0: 2) и Србија и Швајцарија (2:3).

Стадионот „974“ имаше генерална проба за Светското првенство во 2021 година, кога таму се одиграа шест натпревари од ФИФА Арапскиот куп.

Стадионот има капацитет од 40.000 седишта.

Scroll to Top