Top Sport

Роналдињо можел без пасош да влезе во Парагвај

Апсењето на Роналдињо во Парагвај е главна тема во спортските медиуми. Некогаш најдобриот фудбалер во светот во државата влегол со фалсификуван пасош. Парагвајските власти ги пуштиле Роналдињо и неговиот брат да влезат во земјата, а потоа ги уапсиле во хотелот каде што се сместиле.

Роналдињо е уапсен поради својата неинформираност. Медиумите во Јужна Америка објавија дека за да влезе во Парагвај воопшто не му бил потребен пасош, може да влезе само со лична карта.

Инаку, Бразил му ги одзеде патните исправи на Роналдињо минатата година поради нелегално изградениот рибник во Порто Алегре. За нелегалното градење тој беше и парично казнет со 8,5 милиони долари.

Во престолнината на Парагвај, Асуснсион, Роналдињо дошол за да ја промовира својата нова книга, а требало да учествува и на хуманитарен настан.

Бидејќи нема бразилски пасош тој решил да го фалсификува парагвајскиот. Глупоста е што иако е светска ѕвезда во пасошот му стоело дека е државјанин на Парагвај.

За неверување е дека Роналдињо и неговиот брат не знаеле дека во Парагвај можеле да влезат само со лични карти.

Бразил и Парагвај, заедно со Аргентина, Уругвај и Венецуела се членки на трговската унија наречена Меркосур, поради што на државјаните на овие земји им е дозволено да ги преминуваат границите само со лична карта.

Со фалш пасош Роналдињо уапсен во Парагвај

Scroll to Top