Top Sport

Условот на Халанд да потпише со Барса – пласман на Каталонците во ЛШ!

Фудбалскиот клуб Барселона тргна по норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд кој е еден од најбараните светски фудбалери во моментов.

Каталонскиот клуб, наводно веќе започнал преовори со неговиот агент, Мино Раиола.

Каталонски „Спорт“ пишува дека парите не се пресудни во изборот на нов клуб на Норвежанецот. Барса од 21-годишниот фудбалер сака да направи најголема ѕвезда во тимот и играч околу кого тренерот Чави ќе може да ја гради екипата во наредната сезона.

Условот на Халанд да потпише со Барса е пласман на Каталонците во ЛШ идната сезона.

Барса во моментов е осмопласирана на табелата во Ла Лига со минус 5 поени од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, кој е на позиција која носи во ЛШ.

„Спорт“ тврди дека Барса има пари за доведување на Халанд. Цената околу целата операција на негов трансфер на „Ноу Камп“ што вклучува отштетна клаузула за Борусија, плата за играчот и провизија на агентот) би можела да надмине 200 милиони евра.

Scroll to Top