Top Sport

„Железниот“ Мајк сега е помоќен од пред 16 години, тренира по петпати на ден

Легендата на светскиот бокс – Мајк Тајсон (55) во последиот период многу сериозно им се посвети на тренинзите, сериозно планира да се врати во рингот.

Се чини дека Тајсон сега изгледа помоќно за разлика од пред 16 години кога официјално ја заврши професионалната кариера.

Американецот напорно тренира и води сметка за својата исхрана. Има три оброци дневно и две ужини, секој ден внесува меѓу 3.000 и 4.000 калории.

Секое утро се буди во 4 часот и трча 10-тина километри. Претпладне има 10-тина рунди спаринг, а тогаш продолжува во вежбална. Подоцна во текот на денот повторно спарингува, па следува гимнастика, лесно трчање и возење домашен велосипед.

Неговата одлучност да го доведе своето тело до врвна форма е голема.

Scroll to Top