Извршниот директор на Борусија од Дортмунд Ханс Јоаким Вацке рекол дека е невозможно во јануарскиот преоден рок во клубот да се врати Хрник Мхитаријан.
Мхитаријан го загуби првотимскиот статус во Манчестер јунајтед поради што англиските медиуми шпекулираа дека тој ќе се врати во Дортмунд, откаде во јуни 2016 година пристигна на „Олд Трафорд“.
Мхитаријан не започнал натпревар уште од 5.октомври и поразот од Челси (1:0), а на последните два натпревари против Бристол Сити во Купот (1:2) и Лестер во првенството (2:2) во игра влегуваше од клупата за резерви.
Мурињо изјави дека Мхитарија знае да „исчезне“ на важните натпревари, а шпекулациите дека 28-годишниот фудбалер ќе го напушти клубот се засилија кога тренерот рекол дека нема да спречи ниту еден играч кој ќе побара да замине од клубот.
Ерменецот во Манчестер јунајтед се пресели за 27 милиони фунти, а извршниот директор на Борусија рекол дека финансиската неурамнотеженост помеѓу двата клуба би можела да има влијание врз потенцијалниот договор.
„Најдобро од сите ги познавам финансиските детали од неговиот трансфер во Манчестер јунајтед. Порадите тоа едноставно е невозможно тој да се врати“, изјавил за „Билд“, Вацке.