Top Sport

Вајналдум: Бев многу вознемирен и тажен поради повредата

Играчот од средниот ред на Рома, Џорџинио Вајналдум даде изјава за првпат по сериозната повреда со која се здоби на самиот старт од сезоната. Репрезентативецот на Холандија одигра само еден натпревар за „волчицата“ пред да заработи фрактура на тибијата на тренинг.

Поради повредата ќе паузира околу пет месеци и сигурно ќе го пропушти Светското првенство во 2022 година.

„Не одговорив на никого по мојата повреда бидејќи бев многу вознемирен и тажен поради тоа што се случи. Сакам да се извинам. Сега сум подобар, ја сфаќам ситуацијата таква каква што е и давам 100% од себе да се опоравам што е можно побрзо“, изјави Вајналдум во видеото објавено на социјалните мрежи.

„Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на Рома за поддршката, тоа ми дава сила побрзо да се вратам на теренот. Знам дека и вам не ви е лесно, бидејќи јас штотуку дојдов во клубот и имавте големи надежи, но има уште време“, додаде 31-годишниот играч од средниот ред.

Scroll to Top