Top Sport

Вака изгледаше Буенос Аирес во 4 сабајле

Репрезентацијата на Аргентина се врати дома откако го освои Светското првенство во Катар во драматично финале против Франција. Фудбалерите, предводени од Лионел Меси, добија спектакуларен пречек во Буенос Аирес. Новите национални херои, фановите ги поздравија од панорамски автобус со отворен покрив.

Репрезентативците пристигнаа во аргентинската метропола од Доха и краткиот престој во во Рим. На градските улици се најдоа околу 4 часот по локално време или околу 9 часот по македонско време.

Според проценките, повеќе од еден милион фанови им посакале добредојде. Тоа не е премногу изненадување ако се земе предвид дека Аргентина е веројатно светски лидер по богатството на навивачката култура, а титулата светски првак ја чекаше од Мексико во 1986 година.

Scroll to Top