Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се два нови натпревари од осмина-финалната фаза. Аталната, во Милано, ќе ја пречека Валенсија, а Лајпциг ќе гостува кај Тотенхем.
Валенсија со огромни кадровски проблеми ќе и се споритвстави на Аталанта. Дуелот ќе го пропуштат двајцата централни дефанзивци Езекиел Гарај и Габриел Паулиста. Покрај нив нема да играат Алесандро Флоренци, Кристијан Пичини, односно Родриго Морени, Френсис Кокелан и Ману Валјехо.
Тренерот на Валенсија ќе може да смета на услугите на голманот Јаспер Силесен кој од 7 декември не беше во тимот. Прашање е само дали тој ќе добие шанса бидејќи Рајмон Доменек брани во добра форма.
Аталната е дебитант во Лигата на шампионите, тие се првиот тим во историјата што ја минал фазата по групи која ја започнал со три порази. Во Бергамо веруваат дека можат да се пласираат во четврт-финалето.
„Имаме можност да испишеме нова страница во клупската историја. Ќе биде прекрасно доколку влеземе во четврт-финалето. Валенсија ги победи Ајакс и Челси, тоа зборува дека се опасен тим. Ние треба да влеземе со самодоверба во мечот, не смееме да бидеме еуфорчни“, рекол тренерот Џанпјеро Гасперини.
Тотенхем го чека Лапјциг без напаѓач. Тоа е најголемиот проблем на Жозе Мурињо. Хари Кејн е повреден подолго време, а од неделата му се приклучи и Сон.
Прашање е како Мурињо ќе го реши проблемот во нападот, како единствена опција се наметнува Лукас Моура, иако тој не е класичен напаѓач.
Од друга страна Лајпциг се комплетни. Германците со сити сили ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реваншот.
Натпреварите во Милано и Лондон ќе започнат во 21 часот. Реваншите се на програмата на 10 март.