Top Sport

Валенсија ги однесе бодовите од Мајорка

Фудбалерите на Валенсија славеа минимална победа кај Мајорка, во 26.коло, во Ла Лига. Ова е прва победа за Валенсија уште од 20.ноември минатата година.

Еден гол, постигнат во четвртата минута, го реши победникот. Стрелец беше повратникот во тимот на валенсија, Габриел Паулиста. Бразилецот поради повреда четири месеци беше надвор од тимот.

Генерално, Мајорка имаше поголем посед, повеќе шанси, но ниту една топка не заврши зад грбот на Маридашвили.

Валенсија дсо 33 поени се деветти на табелата, Мајорка е во долниот дел, со 26 бода, само три повеќе од Кадиз кој е во опасната зона.

Scroll to Top