Top Sport

Хас си оди од Ф1?

Тимот на Хас, би можел да го напушти првенството на Формул 1. Доколку тоа се случи замената е веќе подготвена.

Џин Хас, сопственикот на тимот, долго време е во светот на автомобилизмот. Пред да влезе во Формула 1, имаше успешни настапи во Наскар и Индикар.

По неколкуте лоши сезони, минатата година во тимот како главен спонзор влезе руската компанија, Уралкали. Поради во тимот дојде и Никита Мазепин.

Поради руско-украинската војна, Уралкали се суспендирани од Ф1. Хас остана без главниот спонзор со што само се зголемија проблемите со кои се соочува тимот.

Постои шанса да се извлечат и да се натпреваруваат оваа сезона, но тоа не е сигурно.

Вчера на тестирањата во Каталуња, не возеа многу, бргу се повлекоа од патеката што само ги засили шпекулациите дека наскоро тимот Хас ќе биде заменет со тимот Андрети.

Синот на поранешниот шампион Мајкл Андрети, веќе имал разговори со Рено, француската компанија да им обезбеди мотори. Доколку Андрети влезе во Ф1, тогаш на местото на Мазепин ќе вози Пјетро Фитипалди.

Scroll to Top