Top Sport

Валенсија и Атлетико со возбудливо реми на „Месталја“ (видео)

Валенсија и Атлетико Мадрид го отворија 24. коло во шпанската Ла лига со интересно 2:2 реми на „Месталја“ во меч во кој гостите двапати поведуваа, но на крајот тоа не беше доволно да се освојат три поени и го забележуваат дури 10-тото реми оваа сезона.

Маркос Љоренте го отвори резултатот во 15. минута и кога се мислеше дека Диего Симеоне и „јорганџиите“ ќе тргнат со нивната стандардна дефанзивна игра, Валенсија израмни во 40-тата минута преку Габриел.

Радоста на „Месталја“ не траеше долго – само три минути подоцна Томас повторно го врати водството на Атле, но домаќините во 59. минута од второто полувреме повторно израмнија преку Жефри Кондогбија.

Атлетико е четврти во Ла лига со 40 поени, далечни 12 поени зад лидерите Реал Мадрид и Барселона, додека Валенсија е шеста со 38 поени.

Scroll to Top