Валенсија по три кола од рестартот на Ла лига, ја забележа првата победа, враќајќи се во игра за место во Лигата на шампионите, откако Гонсало Гуедеш постигна еден магичен гол, и асистираше на вториот за 2:0 победа над Осасуна.
На „Месталја“, домаќините постигнаа гол уште во третата минута преку Родриго, но тој беше поништен поради офсајд, пред во 12. минута, Гуедеш да постигне еден од најубавите соло голови во историјата, тргнувајќи од средината на теренот за да ја забие топката во горниот десен агол. Во 35. минута, тој му додаде на Родриго за 2:0, резултат кој остана до крајот на мечот.
Со победата, Валенсија е на осмото место во Ла лига со 46 поени, шест зад четвртопласираниот тим на Севилја. Осасуна се 12. место со 35 поени.