Top Sport

Валенсија му порачала на Абденур да остане на одмор!

Летниот одмор за фудбалерите вообичаено е многу краток поради тоа што клубовите почнуваат со подготовките и со пријателските мечеви веќе на почетокот на јули, но еден фудбалер не мора да се брза.

Валенсија, иако го има под договор дефанзивецот Ајмен Абденур, јасно му порачала да остане на одмор и да не се појавува на подготовките за новата сезона, бидејќи тренерот Марселино воопшто не размислува за него следната сезона.

„Лос че“ се наоѓа во незавидна ситуација бидејќи Тунижанецот има уште една година од договорот и неговата плата е „натпросечна“ во клубот, а Марсеј, каде што последните две години играше како позајмен фудбалер веќе не смета на неговите услуги.

Валенсија се договори со италијанскиот клуб Бреша, но Абденур одбил да оди во Италија, а постојат преговори и со францускиот клуб Тулуз, но ништо не е договорено.

Scroll to Top