Top Sport

Евробаскет: Шпанките доминантно до четврта европска титула

Шпанија ја одбрани европската титула во кошарка, откако во Белград со убедливи 86:66 (32:21, 18:15, 20:20, 16:10) ја победија Франција за по четврти пат да го освојат Евробаскет трофејот и ја продолжија мизерната серија на Французинките, кои губат четири финалиња во низа.

По тесната и драматична победа над домаќините Србија во полуфиналето, Шпанките доминираа од почеток до крај против Франција правејќи предност од 50:37 на полувремето, за потоа рутински да стигнат до титулата. Шпанија претходно беше европски шампион во 1993, 2013 и 2017 година.

Во мечот за бронзениот медал, Србија стигна до уште поубедлива победа од 81:55 (25:16, 15:17, 21:6, 20:16) над Велика Британија. Србинките претходно беа шампионки во 2015 година.

Scroll to Top