Top Sport

Валенсија нема пари за да го задржи Флоренци

Алесандро Флоренци нема да остане во Валнесија, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Рома. Валненсија нема пари за да го реализира трансферот на Италијанецот.

Флоренци во јануарскиот преоден рок од Рома пристигна на позајмица на „Местаља“, со можност Валенсија да го откупи неговиот договор за сума помеѓу 12 и 15 милиони евра. Челниците на Валенсија немаат можност да ја издвојат бараната сума, а и доколку го откупат договорот за нив проблем е годишната плата на Флоренци.

Флоренци ќе се врати на „Олимпико“ но според италијанските медиуми прашање е дали ќе остане во Рома.

Алесандро Флоренци е роден во Рим ги минал сите младински категории на Рома, а за приот тим за девет сезони одиграл 280 натпревари на кои постигнал 29 гола.

Scroll to Top