Top Sport

Лил одбиле 85 милиони евра за Осимхен

Финансиската криза што ја предизвика коронавирусот ќе ги напали вредностите на фудбалерите за 20 до 30 отсто. Никој не може со сигурност да тврди кога трансфер-пазарот ќе се стабилизира.

Прогнозите се дека сите ќе имаат финансиски проблеми, или бар сите. Француските медиуми пишуваат дека Лил одбиле голема сума на пари за својот напаѓач Виктор Осимхен.

Според овие извори неименуван клуб за напаѓачот од Нигерија понудил 85 милиони евра.

Осимех од почетокот на сезоната одиграл 38 натпревари за Лил, постигнал 18 голови и забележал шест асистенции.

Неговата цена според специјализираниот поратл за трансфери „Трансфермарк“ изнесува 27 милиони евра.

Фрнацузите не појаснуваат дали Нигериецот во договорот има клаузула која заинтересираниот клуб е подготвен да ја плати.

Scroll to Top