Top Sport

Главните играчи на Данска ќе одморат против Франција

Данска е единствената репрезентација која избори пласман во полу-финалето на Европското првенство во ракомет. Останатите патници, во завршниот круг, ќе бидат познати по одигрувањето на последното коло.

Откако обезбедија место меѓу најдобрите четири селекции на турнирот, селекторот на светските шампини, Николај Јакобсен, најави дека во последното коло ќе ги одбори главните играчи.

Противник на Данска во последното коло ќе биде Франција. Французите со Исланд се борат за второто место во полу-финалето од Групата 1. Франција со бод ќе биде во полу-финалето, додека Исланд мора да ја победи Црна Гора и во исто време да чека победа на Данска за влезе во борбата за медали.

„Наша главна цел е да бидеме свежи за полу-финалето во петок, тоа сега е најважно за нас. Поради тоа некои играчи ќе добијат одмор против Франција. Допрва ќе видам на кого му е потребен одмор, пота ќе ја донесам одлуката“, рекол Јакобсен.

Одлуката на Јаокбсен сигурно нема да наиде на одобрување во таборот на Исланд.

Scroll to Top