Top Sport

Валенсија загуби од Еибар, ЛШ сè подалеку (видео)

Валенсија прими гол во финишот на натпреварот против Еибар во дуел од 35. коло во Ла лига, за 0:1 пораз и за намалување на шансите „лилјаците“ да е пласираат во Лигата на шампионите.

Домашниот тим постојано беше во напад, знаејќи дека е потребна победа за зголемување на шансите за пласман во топ 4, но не успеаја да ја пробијат одбраната на Еибар. На крајот, вистински шок за Валенсија, кога Бразилецот Шарлес постигна гол во 93. минута.

Валенсија останува на шестото место на табелата со 52 поени, три помалку од Севилја и Хетафе во интересна пресметка за место во ЛШ.

Scroll to Top