Селекторската позиција на Мароко по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ треба да ја преземе Валтер Мацари. Италијанскиот стратег, како што откриваат медиумите на Апенините, од синоќа е во таа земја на преговори.
Негов последен ангажман беше на клупата на Калјари.
Мацари нема искуство во водење на репрезентации, а најуспешен беше како тренер на Наполи со кој го освои Купот на Италија во сезоната 2011/2012. Една сезона подоцна, тој го предводеше Наполи до титулата вицешампион на Италија.
Мароко на Светското првенство во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Хрватска.