Ернесто Валверде е најмалку популарната личност во Барселона, многумина бараат негово заминување, но како што пренесуваат медиумите тој ќе добие уште една шанса да си ја спаси работата.
Титулата во Ла Лига не е некоја голема утеха за навивачите на Барселона, кои сезонава очекуваа дека нивниот тим ќе ја освои Лигата на шампионите. Ливерпул застанаа на патот на Каталонците, а гневот на армијата навивачи е насочена кон Валвреде.
Медиумите во Шпанија објавија дека Валверде ќе остане на функцијата доколку на 25 мај го освои трофејот во Купот. Во финалето што ќе се одигра на „Бенито Виљамарин“ во Севилја, Барселона ќе игра против Валенсија.
Гледано од оваа перспектива се чини дека Барселона нема да имаат тешка задача во финалето на Купот и дека спротивно на навивачките желби Валверде и следната сезона ќе остане на „Ноу Камп“.