Top Sport

Валверде: Можеме да ги победиме Сити на нивниот стадион

Феде Валверде е сигурен дека Реал Мадрид ќе успее да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампиони иако по првиот меч од осминафиналето имаат домашна 1:2 негатива од Манчестер сити.

Во еден од последните мечеви пред стопирањето на фудбалот поради корона вирусот, Сити стигна до импресивна 2:1 победа на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе биде фаворит во реваншот. „Кралевите“ веќе две недели тренираат пред рестартот на Ла лига, но Валверде уште повеќе мисли на вториот дуел со акутелниот англиски шампион.

„Постои огромна желба, возбуда за да се вратиме во тој меч и да се бориме за пресврт и за четврт-финале. Никогаш нема недостаток на мотивација во нашиот клуб“, вели Валверде.

Уругваецот исто така верува дека Реал може и до титулата од Ла лига, каде што Барселона има два поени предност.

„Мораме да продолжиме со работа до крајот на сезоната и да се бориме за трофеи. Едвај чекам да го носам овој дрес и да се борам за титули“, вели Валверде.

Scroll to Top