Top Sport

И Алекс Зверев во Белград, но Ѓоковиќ не ги повикал Надал и Федерер

Светскиот рекет број 7, Александер Зверев ќе се приклучи на балканската турнеја на Новак Ѓоковиќ покрај Доминик Тим и Григор Димитров, конечно, враќајќи се во Белград по пандемијата на корона вирусот.

„Денеска имам феноменални вести дека Саша Зверев ќе дојде во Белград и ќе имаме три големи тениски имиња на турнирот. Се надеваме дека до 13 јуни ќе се сменат правилата и ќе можеме да имаме и публика“, изјави Ѓоковиќ.

Тој призна дека не ги повикал своите најголеми ривали, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Федерер има проблеми со коленото и затоа не го прашав. Едноставно, тој во моментов не игра ниту тренира. Со Рафа се слушнав минатата недела, зборувавме за САД опен. Дали ќе го прашам? Не знам, можеби, но не очекувам дека ќе дојде“, вели Србинот.

Првата станица на „Адрија турнејата“ на Ѓоковиќ е во Белград на 13 и 14 јуни, по што ќе се игра и во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Парите од турнирот ќе одат во добротворни цели.

„Секако се работи за хуманитарен турнир. Сите пари кои ќе се соберат преку спонзорите ќе одат во добротворни организации“, додава светскиот број 1.

Ѓоковиќ ги носи Тим и Димитров на турнеја низ Балканот

Scroll to Top