Тренерот на Барселона Ернесто Валверде, минатиот четврток, на клупските челници им ги открил плановите за наредната сезона. Барселона сезоната ја заврши со една титула, во првенството, а не успеа да го освои домашниот Куп и Лигата на шампионите.
На состанокот Валверде проговорил за играчите на кои смета во новата сезона, а во текот на неделата ќе биде објавена листата на оние што ќе добија дозвола да го напуштат клубот.
Според шпанските медиуми, Валверде, издвоил еден играч (Меси е неприкосновен) што според него мора да остане во клубот. Станува збор за хрватскиот репрезентативец Иван Ракитќ, кој деновиве се поврзува со Манчестер Јунајтед.
Хрватот минатата сезона одиграл 54 натпревари, а на теренот минал вкупно 4.237 минути што е најмногу од сите играчи на Барселона.
Тој не сака да ја напушти Барселона, но медиумите шпекулилираат дека тој ќе мора да замине за да ослободи место за Френки Де Јонг.
Меѓутоа, Валверде не го дели мислењето на клупските челници и нема намера да го продава Хрватот. Според тренерот Кутињо и Умтити би можеле да заминат, а од раководството ќе барал засилување во одбраната.