Top Sport

Валверде, по тепачката, завршил во несвест и во инвалидска количка

Шпанскиот спортски весник „Марка“ откри детали од тепачка во соблекувалната на Реал Мадрид. Сè започна со расправија меѓу Орелијан Чуамени и Федерико Валверде, а заврши со тепачка по тренингот. Според извештаите, Чуамени го удрил со тупаница соиграчот, по што Уругваецот, додека паѓал ја удрил главата.

Тој добил посекотина и ја изгубил свеста. Му била потребна инвалидска количка, а потоа бил однесен во болница. Поради трауматска повреда на главата, како што објави клубот, Валверде ќе биде „во мирување помеѓу 10 и 14 дена“.

Валверде го прекина молкот со долга изјава во која ја негираше тепачката.

На почетокот, тој се осврна на протекувањето информации: „Во нормална соблекувална, вакви работи можат да се случат и се решаваат меѓу нас, без да се објавуваат во јавноста. Очигледно, има некој тука кој брзо ја раскажува приказната.“

Целиот настан го опиша како „недоразбирање“ и додаде: „Мојот соиграч никогаш не ме удри, ниту јас него, иако разбирам дека е полесно да веруваш дека се тепавме или дека тоа било намерно, но тоа не се случи.“

Целосно соопштение за медиумите

„Вчера имав инцидент со соиграч како резултат на ситуација на тренинг, во која заморот од натпреварувањето и фрустрацијата прават сè да стане поголемо отколку што е.

Во нормална соблекувална, вакви работи можат да се случат и се решаваат меѓу нас, без да се објавуваат во јавноста. Очигледно има некој овде кој брзо трча со приказната, со сезона без трофеј во која Мадрид е секогаш под лупа и сè е дополнително зголемено.

Денес имавме уште едно недоразбирање. За време на расправијата, случајно ја удрив масата и добив мала исеченица на челото, што бараше протоколарна посета на болница. Во ниту еден момент мојот соиграч не ме удри, ниту јас го удрив него, иако разбирам дека е полесно да верувате дека се тепавме или дека тоа беше намерно, но тоа не се случи“, се вели во дел од соопштението на капитенот на Реал.

Според официјалниот медицински извештај, Федерико Валверде моментално е дома, во добра состојба и ќе мора да мирува помеѓу 10 и 14 дена, според медицинските протоколи за овој вид повреда.

Во посебно соопштение, Реал Мадрид изјави дека, по настаните што се случиле на тренингот во четвртокот, било одлучено да се покренат дисциплински постапки против Валверде и Чуамени.

Клубот додаде дека јавноста ќе биде информирана за исходот од двете дисциплински постапки откако ќе бидат завршени внатрешните процедури.

Што и да се случи, сезоната за Валверде е завршена.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');