Оклахома и Детроит поведоа со 2-0 во полуфиналната серија од плејофот на НБА.
Чет Холмгрен и Шеј Гилгџс-Александер постигнаа по 22 поени во победата на Оклахома од 125-107 над Лос Анџелес Лејкерс.
Аџај Мичел постигна 20 поени, додека Џарен Мекејн додаде 18 за бранителот на титулата, кој сега има скор од 6-0 во плејофот.
Лејкерси повторно беа без најдобриот стрелец во лигата, Лука Дончиќ, кој не игра поради повреда на тетивата. Исто така, недостасуваше и крилниот играч Џаред Вандербилт, резерва која го измести малиот прст на десната рака во текот на втората четвртина од првиот натпревар.
Исто така, дури тројца играчи на Лејкерси го завршија натпреварот со по пет лични грешки, што ја ограничи нивната агресивност во финишот на натпреварот.
Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, кој имаше проблеми со шутот во првиот натпревар, постигна 31 поен, додека Леброн Џејмс овој пат застана на 23 поени.
По натпреварот, Лејкерси имаа што да им кажат на судиите, а сè започна со Ривс, кој им се обрати на судиите во центарот на теренот и почна енергично да им објаснува нешто што не му се допадна во вториот натпревар.
Сето тоа беше придружено од сите други играчи на тимот од Лос Анџелес, вклучувајќи го и Леброн Џејмс, кој цело време климаше со главата потврдувајќи го она што го кажуваше неговиот соиграч.
Austin Reaves, LeBron James, & the Lakers are having words with the officials after the game. 👀 pic.twitter.com/CvtESboXc6
— Hoop Central (@TheHoopCentral) May 8, 2026
Детроит Пистонс беа на работ на елиминација во првото коло од плејофот, но очигледно не сакаат да ја повторат истата грешка, сега ја искористија предноста на домашниот терен во првите две средби од полуфиналето против Кливленд, славеа и изминатата ноќ со 107:97.
Третиот натпревар е во сабота во Кливленд, каде што Кавалирс ги добија сите четири натпревари против Торонто во првото коло.
Првопласираните Пистонс имаат пет победи по ред откако Орландо ги доведе на работ на елиминација во првото коло.
Донован Мичел постигна 31 поен, додека Џарет Ален додаде 22 поени и седум скока. Сепак, Џејмс Харден промаши 10 од 13 шута и го заврши натпреварот со само десет поени. Харден исто така имаше четири изгубени топки, вклучувајќи една на 33 секунди до крајот кога Кливленд заостануваше со само шест поени.
Во победничкиот тим, Кејд Канингем имаше 25 поени и 10 асистенции, Тобијас Харис постигна 21 поен. Данкан Робинсон додаде 17 поени, додека Џенкинс додаде 14 поени од клупата за резерви, што е негов трет натпревар по ред со двоцифрен број на постигнати поени.
