Тренерот на Барселона Ернесто Валверде по тешката победа на неговите играчи во Прага против Славија (1:2) открил кој е најважниот играч во тимот во првите три кола во Лигата на шампионите.
Барселона, синоќа, успеа да ја победи Славија иако беа надиграни од фудбалерите на чешкиот шампион.
„Тер Штеген е нашиот клучен играч во трите досегашни натпревари во Лигата на шампионите“, рекол Валверде.
„Противникот играше онака како што очекувавме. Секогаш со многу играчи доаѓаат напред. До крајот на мечот толку многу ризикуваа со истрчувањата напред што се чувствувавме со вистинска лавина од напади“.
Интересно Луис Суарес нема постигнато гол во гости во Лигата на шампионите на последните 20 натпревари, последен пат на гости Уругваецот погодил во 2015 година против Рома.
Лео Меси стана првиот играч во ова натпреварување кој во 15 сезони по ред постигнал најмалку еден гол.