Top Sport

Ван Бастен изрази сомнежи како Вегхорст би се снашол во Манчестер Јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го донесе Ваут Вегхорст на позајмица до крајот на сезоната, а легендарниот Марко ван Бастен го предупреди својот сонародник Ерик тен Хаг дека е „опасно, ако има премногу Холанѓани во тимот“.

Ван Бастен го оправда бизарниот совет со ситуацијата што се случи во Барселона, кога таму имаше многу Холанѓани под раководство на тренерот Ван Гал.

Исто така, тој изрази сомнеж за Вегхорст.

„Се сомневам во него. Погледнете го Лук де Јонг. Тој е играч кој игра многу добро во воздухот. Мислам дека Вегхорст не е толку силен во воздушните дуели. Тој може да постигне гол со глава, но тоа момчето може да направи најмногу со волја и ентузијазам“, изјави Ван Бастен.

Scroll to Top