Top Sport

Ван Бастен за Ван Дајк: Тој не е лидер

Легендарниот Марко ван Бастен, јавно го критикуваше капитенот на Холандија Вирџил ван Дајк, по ремито со Еквадор (1:1) на Мундијалот во Катар.

Ван Бастен смета дека капитенот не го слдел најдобро движењето на Енер Валенсија, кој на Јужноамериканците им донесе бод во пресметката со Холандија.

„Тој само застана и дозволи Валенсија да шутира. Што гледа и чека? Мора да биде до играчот и да не му дозволи да шутира на голот. Тој не е лидер, не му е гајле за ништо во тимот. Многу врева се крева околу него, но јас не гледам ништо конкретно“, изјави Ван Бастен.

Зборовите на славниот сонародник новинарите му ги пренесоа на Ван Дајк.

„И што да кажам сега? Лесно е да се зборува од студио. Тој никогаш не кажува ништо позитивно. Тој вели дека не сум вистински капитен? Не знам што да кажам. Го водам тимот најдобро што можам“, одговори Ван Дијк.

Холандија по две кола има четири бода, а во последното коло против Катар ќе треба да го потврди пласманот во осмина-финалето.

Scroll to Top