Top Sport

Ван Бронкхорст е замената за Пикси во Гуангжу Р&Ф

Поранешниот тренер на Феенорд, Џовани ван Бронкхорст е именуван за нов тренер на кинескиот клуб Гуангжу Р&Ф, потврди клубот.

Ексбекот на Барселона, Арсенал и холандската репрезентација го заменува српскиот тренер Драган Стојковиќ-Пикси, кој си замина со взаемен договор со клубот во петокот. Ван Бронкхорст се повлече од Феенорд на крајот на сезоната откако во 2017 година ги предводеше до холандската титула.

Од 44-годишниот тренер има големи очекувања да го крене клубот во горниот дел од табелата по две разочарувачки сезони под Стојковиќ. Иако Пикси успеа да ги однесе во топ 6 во првите две сезони на клупата, во 2018 беа 10-ти, а во 2019 само 12-ти.

Scroll to Top