Top Sport

Американската фудбалска репрезентација нема да патува во Катар

Американската фудбалска репрезентација се откажа од плановите во Катар да го има зимскиот тренинг камп, поради загриженост за безбедноста на Блискиот Исток, откако Американците го убија моќниот ирански генерал Касем Солеимани во четвртокот во Багдад, Ирак.

Американската фудбалска асоцијација го поттврди ова во петокот поради „ситуацијата во регионот“ и сега се работи на алтернатива пред мечот против Костарика следниот месец.

Од 2001 година, САД ја контролира воздушната база Ал Удеид во Катар, каде што има над 11.000 војници и над 100 авиони, во непосредна близина на дел од прекрасните стадиони во Катар.

Scroll to Top