Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк повторно беше фантастичен во синоќешното финале против Тотенхем што неговиот клуб го доби со 2-0.
Ова за „црвените“ беше шеста титула шампион на Европа, а за дефанзивецот прв голем трофеј. По мечот навивачите почнаа да го фаворизираат Холанѓанецот за добивањето на годинешната Златна топка.
Тој не мисли така.
„Мислам дека Меси е најдобар играч во светот. Тој заслужува да ја освои Златната топка, јас не размислувам за тоа. Но ако ја освојам, ќе го прифатам тоа. Меси е најдобриот во светот, било да е во финале или не“ рече Ван Дајк.
Холанѓанецот во моментов е најскапиот стопер во светот на фудбалот. Ливерпул за него на Саутемптон лани му плати 85 милиони евра.