Вирџил Ван Дајк периодот што го минува во изолација го искористил за да се дружи со своите фанови на „Твитер“. На оваа социјална мрежа тој одговарал на прашањата на навивачите.
Според многумина, најдобриот дефанзивец во светот, открил дека Серхио Агуеро е најтежок за чување, додека Лионел Меси е најдобриот фудбалер против кого има можност да игра.
Ван Дајк против Агуеро имал неколку жестоки пресметки во Премиер лигата и како играч на Саутемптон и како играч на Ливерпул, а против Меси минатата сезона играше во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Како најдраги моменти во кариерата ги издвоил, првиот меч во професионалната кариера, дебито за Холандија и финалето во Лигата на шампионите со Ливерпул. За Ван Дајк идеален партнер во одбраната соиграчот од Ливерпул е Џо Гомес.