Талентираниот играч од редот за врска на Ајкас, Дони ван де Бек, ги демантира медиумите дека постигнал договор од наредната сезона да го облече дресот на Реал Мадрид.
Холандскиот репрезентативец од минатото лето се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, а неодамна медиумите во неговата држава објавија дека тој се договорил со Реал по завршувањето на сезоната да се пресели во Мадрид.
Покрај Реал наводно сериозен интерес за неговите услуги покажувале челните луѓе на Манчестер Јунајтед.
„Ништо не е официјално и не сум потпишал никаков договор. Ситуацијата не се промени ниту во текот на сезоната…Се работи за два големи клуба (Реал и Манчестер Јунајтед), но и Ајакс е голем клуб…Во овој момент нема потреба да носам такви одлуки“, изјавил за „Диарио АС“, Ван де Бек.