Top Sport

Лилард ги победи Вориорс, Лејкерс паднаа во Бостон, Пол имсе одмазди на Хјустон (Видео)

Богатата НБА програма за денот на Мартин Лутер Кинг донесе врвна партија на Демијан Лилард во победата на Портланд над Голден стејт.

Портланд по едно продолжение славеа над Голден стејт со 129:124. Лилард им обезбеди продолжение на Портланд со тројката што ја постигна на 15 секунди до крајот на мечот. Супер-старот на Блејзерс натпреварот го заврши со 61 поен, тој погоди 11 тројки од 20 обиди.

Кај Голден стејт се истакна Алек Брукс со 33 поени, седум скока и осум асистенции.

Крис Пол ги предводеше Оклахома Тандер до победата во Хјустон 112:107. Против својот поранешен тим Пол постигна 28 поени, 27 од нив тој реализираше во првото полувреме. Учинокот на Пол најдобро го испрати Данило Галинари со 25 поени и 13 скока.

Кај Хјустон трипл-дабл од 32 поени, 11 скока и 12 асистенции, додека целосно потфрли Џејмс Харден иако постигна 29 поени. „Брадата“ погоди само една тројка од 17 обиди, а вкупниот шут му беше 9/29.

Бостон Селтикс во дуелот на најтрофејните франшизи ги декласираа Лос Анџелес Лејкерс со 139:107. Бекот на Бостон Кемба Вокер ја запиша првата победа во кариерата против Лејкерс. Тој ги предводеше Селтикс со 20 поени и седум асистенции, колку што постигна и Џејлен Браун. Турчниот Енес Кантер запиша 18 поени и 11 скока, додека Џејсон Тејтум со 27 поени беше најефикасен кај Селтикс.

Кај Лејкерс потфрлија двајцата најдобри играчи. Леброн Џејмс забележа 15 поени, 13 асистенции и седум скока, додека Ентони Дејвис уфрли само деве тпоени.

Резултати:

Вашингтон-Детроит 106:100
Атланта-Торонто 117:122
Бруклин-Филаделфија 111:117
Шарлот-Орландо 82:106
Кливленд-Њујорк 86:106
Мајами-Сакраменто 118:113
Мемфис-Њу Орлеанс 116:126
Милвоки-Чикаго 111:98
Минесота-Денвер 100:107
Финикс-Сан Антонио 118:120
Јута-Индијана 118:88

Scroll to Top