Top Sport

Ван де Бек пресреќен што конечно одиграл 90 минути

Дони ван де Бек вели дека „навистина среќен“ што конечно одигра 90 минути, откако Манчестер јунајтед го пратија на позајмица во Евертон, каде што имаше одличен натпревар при победата од 3:0 против Лидс.

24-годишниот Холанѓанец играше во средината на теренот покрај четири фудбалери и беше корисен во нападот и во одбраната во улога која најмногу му одговара.

„Мислам дека можам да играм на различни позиции и би сакал во Премиерлигата да играм како број 8, од еден шестнаесетник до друг. Менаџерот сака да се поврзувам со остатокот од средниот ред и очекува многу од мене. Презадоволен сум од првите две недели. Среќен сум што играв 90 минути, бидејќи помина долго време. Малку бев уморен, морам да признаам“, вели Ван де Бек.

Манчестер јунајтед не сакаше да остави клаузула Евертон да го откупи договорот на Холанѓанецот, така што тој ќе се врати на „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.

Scroll to Top