Top Sport

Клоп знае зошто Мане и Салах се во топ-форма – не пијат алкохол

Јирген Клоп ги нарече Мохамед Салах и Садио Мане „природни сили“, откако одиграа седум меча на Африканскиот куп на нации и уште се во топ форма, само бидејќи не пијат алкохол.

Салах и Мане играа во финалето на турнирот во Камерун, но се вратија кај „црвените“ при победата кај Барнли во неделата и најверојатно ќе бидат стартери во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите кај Интер. Клоп вели дека клучниот фактор е тоа што не пијат алкохол.

„Една недела за нив не е проблем. Тие не пијат алкохол, така што беа фит еден ден по финалето. Двајцата се сила на природата и се надевам дека ќе останат такви засекогаш. За Мо имаше пауза неколку дена по финалето, а на Садио една недела поради прославите, но двајцата се супер. Не сум изненаден“, вели Клоп.

Салах, Мане, како и нивниот соиграч Наби Кеита, се муслимани, што значи дека апстинираат од алкохол, и на пример кога ја освоија титулата од Премиерлигата во 2020, славеничкото шампањско на „Енфилд“ било безалкохолно поради Салах и Мане.

Scroll to Top